И дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, денеска одржа прес конференција на која го обвини Специјалното јавно обвинителство за неспособност, неподготвенот и непрофесионалност во извршување на сопствените задачи.
-Волја за сорабатка има, но Јанева треба да знае што бара и во законски рамки треба да дојде и да го побара. Веќе кажав дека нема да дозволиме да биде загрозена националната безбедност на граѓаните на Македонија. УБК е подготвена да излезе во пресрет и да ги даде сите неопходни информации, но задолжително заштитувајќи ја безбедноста на граѓаните на Македонија, во однос на ПИ – мерките кои се во тек и за кои СЈО нема надлежност да ги истражува, рече Андонов.
Андонов се пожали и дека министерот Спасовски извршил 40 смени во единицата Алфи и за истото не го информирал.