„Првичниот бенефит од Чебрен е заштита од поплави, регулација на речното корито на Црна река, потоа сега заради климатиските промени уште поизразена ќе биде потребата од вода. Генерални бенефити, тоа се приоритетните“ изјави директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во „Утрински печат“.
Тој додаде дека тоа се генералните бенефити од Чебрен уште од проектирањето на оваа електрана во седумесетите години.
„Главните придобивки за Чебрен кога бил проектиран како голема ХЕ биле токму тие. Секако водата се користи за производство на електрична енергија и како таков еве повеќе од 50 години зборуваме за сериозни анализи, една од најголемите која е правена во текот на 75-та година е интегрален развој на реката Вардар е направена од американски конзорциум“ рече Андонов.
Тој додаде дека од почетокот на деведесетите, па до денес, тенденција на сите влади и на целото управување со Чебрен е да се додели на приватен концесионер.