Фудбалскиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека Борусија Дортмунд заслужено се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Реал и Борусија ќе играат во сабота на Вембли во Лондон во финалето на Лигата на шампионите.
– Нема да кажеме дека сме фаворити, играме против екипа која заслужува да биде во финалето на Лигата на шампионите. Знам дека ќе биде борба како и секое друго финале. Во претходните фази од натпреварувањето, Борусија елиминираше силни тимови како Атлетико и ПСЖ – изјави Анчелоти за официјалната веб-страница на Европската фудбалска унија (УЕФА).
Тој истакна дека е среќен што Реал повторно ќе игра во финалето на Лигата на шампионите.
Анчелоти во својата тренерска кариера освои четири трофеи во Лигата на шампионите, по два со Милан и Реал Мадрид.
– Најмногу емоции доживеав играјќи го ова натпреварување, а страста ме турка напред – додаде италијанскиот тренер.
Анчелоти истакна дека Лука Модриќ и Тони Крос се клучни играчи за Реал.
– Кај нив квалитетот на минутажата е поважен од квантитетот, но и двајцата имаа одлична сезона – заклучи Анчелоти.