Анчелоти го претпочитал Љоренте пред Икарди

by fokus

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, претпочитал раководството на тимот да го привлече Фернандо Љоренте, отколку Мауро Икарди. Ова го откри претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис. Напаѓачот, познат како „Кралот Лав“, потпиша со „небесносините“ како слободен агент, додека Аргентинецот замина во Париз Сен Жермен како отстапен за една сезона од Интер.

– Му понудив на Интер 60 милиони евра плус 5 милиони повеќе како бонуси за Икарди. Јас понудив околу 12 милиони евра на Ванда Нара за договорот на нејзиниот сопруг. Икарди не е глупав и можеби сфатил дека за да се врати на европско ниво, подобар избор е да замине во тим како ПСЖ, каде може да се истакне полесно, отколку во Наполи. Љоренте не беше моја идеја, туку на Анчелоти. Никој не би му свртел грб на врвен играч како Икарди, но од самиот почеток Анчелоти го сакаше Љоренте. Тој е убеден дека веќе сме заситени во нападот и дека ни треба само шампион за да ги одигра последните 30 минути од дуелите, кои се решаваат на крајот, вели шефот на тимот од Сан Паоло.

Де Лаурентис додаде дека не жали за неговата одлука и дека Аргентинецот би ја засенил вистинската ѕвезда во нападот на Наполи – Аркадиуш Милик.

– Доаѓањето на Икарди би го спречило трансферот на Љоренте, во кого имам верба заедно со Анчелоти. Најмногу од сè, тој би го засенил Аркадиус Милик, кого сè уште го сметам за вистинската голема sвезда во нападот на Наполи, изјави Де Лаурентис за „Кориере дело Спорт“.

Поврзани новости