472
Четири од десет млади изјавиле дека ќе ја напуштат државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност изјавила дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства, покажува анализа спроведена од Младинскиот сојуз – Крушево.
Во Анализата учество земале 440 млади, од кои речиси 64 отсто изјавиле дека досега директно никогаш не учествувале во коруптивни активности. Сепак, 4 отсто од нив состојбата со корупцијата во земјава ги наведува да станат дел од нејзиниот синџир.
Генералната оценка за борбата против корупцијата од испитаните млади е 2 на скалата од 1 до 5.