Анализа: Колкава може да биде очекуваната смртност од Ковид 19 во Македонија?

by Fokus

Едно од клучните прашања на кое речиси сите држави во светот сакаат да имаат прецизен одговор е колкав може да биде бројот на заболени и колкав може да  биде бројот на починати од Ковид 19? Одговорот на ова прашање е важен од повеќе аспекти. Пред се, потребно е да се испланираат потребните капацитети на здравствениот систем кој во оваа ситуација е на првата борбена линија против епидемијата. Дополнително, треба да се проценат економскo социјалните последици поврзани со прераната загуба на живот на наши сограѓани, и конечно треба да се проценат пошироките економски последици со кои ќе се соочат граѓаните и државата во наредните месеци, години како последица од Ковид 19. Одговорот на овие прашања треба да биде проследен со адекватен епидемиолошко-економетриски модел кој ќе сочинува проекции изразени во епидемиолошки и монетарни вредности, како и разработка на различни сценарија во одговорот на секое од поставените прашања. Ваквиот преглед би им овозможил на носителите на одлуки, а и на граѓаните да ги согледаат опциите, да ги утврдат приоритетите и да одлучат кон кое сценарио треба да се стремиме.

Овој текст нема за цел да даде одговор на сите овие прашања, туку е повеќе наменет да инспирира како да разработиме соодветен пристап. Како илустрација изработена е кратка анализа на очекуваната смртност од Ковид 19 во Македонија во текот на 2020 година. Направени се две сценарија:

Двете сценарија даваат различни приказ за можните последици. Податоците кои ги прикажува анализата треба да се толкуваат претпазливо со оглед на големиот број непознати фактори кои можат да влијаат на крајните податоци. Во повеќе наврати експертите на СЗО укажуваат дека смртноста најмногу ќе зависи од неколку клучни фактори:

  Која возрасна група е ќе биде најмногу погодена во Македонија? (На пример:    доколку превентивните мерки се успешни и успееме да ги заштитиме граѓаните над    70 годишна возраст, тогаш е за очекување стапката на смртност да биде помала)

  • Во која фаза од епидемијата е зафатена земјата? (Епидемијата во Македонија започна на почетокот на март, додека во останатите земји порано, тоа може да го скрати периодот на траење кај нас и автоматски периодот на ризик)
  • Колку тестирања се прават? (бројот на тестирања е директно поврзан со откривање нови, како и со стапката на смртност. На пример, кај нас до денес се направени под 4000 тестирања, а имаме помалку од 400 дијагностицирани. Со други зборови речиси секој 10 тест е позитивен. Кога би го зголемиле бројот на тестирање, можно е стапката на дијагностицирање да се намали, а со тоа и податоците за смртноста.
  • Како здравствениот систем се справува? (Кои се капацитетите на здравстениот систем како од гледна точка на човечки како и од медицински ресурси)
    Сценариото 1 е целосно изработено врз основа на јавно изнесените податоци за очекуваната смртност во Соединетите Американски Држави и ја опфаќа целата сезона до крајот на Јули 2020. Екстраполирањето на тие податоци врз нашата популација би резултирало со минимална очекувана смртност од 400 лица, додека максимално 1200 лица во услови на постоечки превентивни мерки, што се исклучително високи проценки и крајно непосакувани. Американскиот модел покажува дека смртноста како и заболеноста би била значително повисока доколку не се воведени превентивните мерки.Сценариото 2 пак од друга страна ги користи досегашните податоци и тренд за пораст на ново дијагностицирани и вкупен број на починати во Македонија. Очекуваната смртност со ова сценарио би достигнала под 90 пациенти до крајот на месец Јуни или 4 пати помалку од оптимистичкото американско сценарио. Доколку анализата на сценарио 2 се покаже поблиску до реалноста која ни предстои, тогаш очекуваниот број на заболени во на месечно ниво од април до крајот на јуни би се движел од 4000-6000 ново дијагностицирани случаи (вкупно околу 18000 до крајот на јуни), или во просек повеќе од 150-200 нови пациенти дневно.

    Овие анализа има за цел да отвори простор за едена конструктивна академска дебата кон предностите и последиците на мерките кои се воведени, како и да ја ограничи можноста од политичка манипулација и контрола која ваквите состојби ја отварат (за пример видете што се случува во Унгарија, Израел каде политичарите справувањето со кризата го користат како изговор да воспостават апсолутна контрола на власта). Со други зборови, додека богатите и високо развиени земји ќе изнајдат начини како да се справат со економските последици, помалите и посиромашни каде сме ние ќе имаат неверојатни економски проблеми, се чини многу поглеми отколку проценетите последици од Ковид 19. Од тие причини додека е јасно дека превентивните мерки имаат позитивен ефект, можеби треба да размислуваме и на побалансирани пристап во одредени региони со цел да им се даде шанса на малите и средни претпријатија да закрепнат побргу, а не да ги уништиме целосно додека се браниме од короната. Да не биде после, бато, бато, не ме брани веќе.

    Д-р Владимир Лазаревик

Поврзани новости