Израел ако влезе во Газа нема да може да победи, изјави аналитичарот Сем Вакнин.
-Ако Израел влезе во Газа, не може да победи, а ако истовремено биде нападнат и од Хезболах Израел нема да може да ја добие војната. Ова ќе биде прв воен пораз на Израел, вели Вакнин во емисијата „21 анализа“ на ТВ 21.
Тој смета дека Израел не може да ја добие оваа војна. -Израелската армија е во многу лоша состојба, вели тој..
Според него, величината на Газа е слична на Њујорк, Њу Џерси.
-Многу мал град. Патем Газа е 60 км на 2 км. Многу мало место. Во секој случај постои Газа на површината и Газа под земја. Под земјата има 2137 тунела. Да. Во тие тунели има 40.000 борци. Има 3 болници и 5 џамии. Заложниците 100 % се држат во тунелите. Не само што не постои начин да се ослободат заложниците туку нема ниту начин да се добие оваа војна. Секако, може да се истури гориво во тунелите и да се запалат. Секако. Така ќе ги убијат сите заложници и многу цивили. Тековната криза не е никако поврзана со претходните три, вели аналитичарот Вакнин.