Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува заканите со тужба од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност упатени кон онлајн медиумот А1он поради објавување текстови поврзани со ЕУ проекти спроведувани од Агенцијата.
– Заканите за тужби, наместо со поставување аргументи или користење на правото на исправка или одговор претставуваат директен притисок врз работата на медиумите и обид за цензура. Оттаму секој вид на закани и притисоци врз новинари претставуваат загрозување на слободата на информирање и се апсолутно неприфатливи. Во ниту еден момент не треба да се заборави дека улогата на медиумите е да отвараат прашања од јавен интерес и треба да се поттикнуваат темелно и професионално да ги извршуваат своите обврски и навремено да ја информираат јавноста, се вели во реакцијата на Аагенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Оттаму посетуваат и дека медиумските работници треба да се придржуваат до новинарските стандарди, да ги проверуваат информациите пред нивното објавување и да ги земат предвид сите релевантни извори.