Автомото сојузот на Македонија информира дека поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин (ГП) „Табановце“ за влез во државата се чека 30 до 40 минути, додека на ГП „Богородица“ за излез времето на чекање е 60 до 90 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.