АМС ќе му додели 100 илјади денари и стипендија на Марко Пејчиновски

by fokus

На иницијатива на директорот Дарко Каевски, Агенцијата за млади и спорт донесе одлука да му додели еднократна парична награда во висина од 100.000 и стипендија „Спортска надеж“.

– За подвигот кој што Марко Пејчиновски кој на 12 години го преплива Охридското Езеро, како директор на АМС побарав од Советот да му се додели еднократна парична помош од 100 илјдаи денари и секако да биде вметнат во стипендиите „Спортска надеж“ за што имаме дискреционо право дополнително да предложиме. Марко јасно ни покажува за каков талент се работи и какви резултати може да очекуваме од него во иднини доколку се работи правилно на неговиот раст и развој,  изјави Каевски за МИА.

Тој соопшти дека АМС се обврза да направи стручен тим кој што ќе направи програма за развој и подобрување на спортските услови за Пејчиновски за во иднина да прерасне во успешен спортист.

ФОТО – ОХРИДЊУЗ

Поврзани новости