Агенцијата за млади и спорт испрати реакција откако општинската организација на СДСМ од Штип обвини дека при вчерашната посета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пуштил во употреба тениско игралиште изградено пред речиси една година.
-Двојниот тениски терен во Штип, кој е дел од проектот на Владата за изградба на 120 тениски терени низ целата држава е изграден во текот на 2015 година, а завршниот извештај на надзорот, согласно кој се смета една градба за завршена е потпишан во месец ноември 2015 година. Во меѓувреме, теренот воопшто не е користен од страна на граѓаните, се вели во реакцијата од Агенцијата за млади и спорт.
Од Агенцијата додаваат дека СДСМ сакала преку лиферување невистини и манипулации кон оние кои се грижеле и работеле во интерес на граѓаните, да ја затскрие својата летаргичност и безидејност.