7
Не стивнува тагата во целиот регион по страшната несреќа на железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 луѓе.
Ископувањето и отстранувањето на урнатините траеше со часови, а во Србија поради оваа трагедија е прогласен Ден на жалост.
Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Институтот за итна медицина, десет нивни екипи интервенирале на местото на трагедијата на Железничката станица во Нови Сад.
Нивните екипи превезоа три повредени лица, 18-годишно момче, на кое му била ампутирана ногата, и две жени, едната без свест, а другата интубирана.