Независната пратеничка група, составена претежно од исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, реагира затоа што амнестираните пратеници биле споменати во обвинението за 27 април и во завршните зборови на обинителката, Вилма Русковска. Со соопштение до јавноста тие ја обвинуваат Русковска дека не го испочитувала Законот за амнестија.
„Во врска со настаните од 27-ми Април, за кои во моментов се води судски процес, а кој беше дел од процесот за помирување преточен во Закон за Амнестија.
Со жалење констатираме дека, денес Јавното Обвинителство во текот на завршното обраќање не ги испочитува одредбите од член 1 од Законот за Амнестија, каде многу прецизно е дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес. Од таа причина сакаме да истакнеме дека почитувањето и спроведувањето на законот е императив за владеење на правото.
Затоа апелираме до Судот доследно да ги испочитува одредбите од Законот за Амнестија, со оглед на доказите кои беа изведени во текот на судскиот процес“, соопшти независната пратеничка група.