Амнестијата на пратениците за „27 април“ денеска пред уставните судии

by fokus
Уставните судии на денешната седница треба да ја разгледаат иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на членот 1 и членот 2 од Законот за амнестија, врз основа на кои беа амнестирани лица инволвирани лица во насилството во Собранието на 27 април 2017 година.

Меѓу амнестираните за „крвавиот четврток“ беа и петмината пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, кои беа обвинети дека ги отвориле вратите и ги насочувале лицата со фантомки и другите граѓани кон пленарната сала и кон прес-центарот во Собранието на 27 април.

Меѓу амнестираните беа и водачите на протестите на „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, кои беа обвинети дека со своите говори ги повикале граѓаните да влезат во законодавниот дом.

- Advertisements -

Судот во Скопје изрече казна во времетраење од вкупно 211 години на 16 обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 години за загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Највисока казна од 18 години затвор доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, а останатите добија од осум до 15 години затвор. Ослободителна пресуда за „27 април“ доби оперскиот пејач Игор Дурловски.

Поврзани новости