Светската организација за заштита на човековите права, Амнести Интернешнл денеска ја критикуваше Грција за нејзиниот план да постави пловна ограда за да ги спречи мигрантите од Турција да стигнат до грчките острови.
Директорот на истражувачкиот сектор на оваа меѓународна организација за човекови права, Масимо Морати, го опиша планот како алармантна ескалација во постојаните напори на грчката Влада да им го отежни пристигнувањето на азилантите и бегалците на нејзиниот брег.
– Планот отвора сериозни прашања за можноста на спасувачите да продолжат да им помагаат на луѓето кои се обидуваат да го преминат опасниот морски премин кон Лезбос, се вели во пишаната изјава на Морати.
Тој додаде дека грчката Влада мора итно да ги разјасни оперативните детали и неопходните заштитни мерки за да се обезбеди дека системот нема да биде опасен по живот.