„Амнести интернешнл“ вчера ги повика македонските власти да отворат сеопфатна и ефектинва истрага за минатонеделниот напад врз забавата на ЛГБТ-0заедницата во Скопје и врз нивните поддржувачи.Меѓународната организација потсетува дека на 23 октомври околу триесетина млади момчиња го нападнаа кафулето во кое шесетина членови на „Хелсиншкиот комитет“ и на ЛГБТ-центарот ја прославувале двегодишнината од неговото постоење.
Напаѓачите носеле маски на главите и биле наоружани со стаклени шишиња и го каменувале локалот. Едно момче и една девојка кои биле пред локалот се повредени по телото и по главата и како што потсетува „Амнести“ напаѓачите повторувале: „Педери, не вие е тука местото“!
„Ова е шестиот напад на ЛГБТ Центарот за поддршка и на неговите активисти од отворањето во октомври 2012 година. Пет од нападите не се разрешени и само оној од март 2013 – кој се случи за време на голем мултиетнички процес – беше истражен. „Амнести интернешнл“ ги повикува полицијата и Јавното обвинителство да спроведат итна и ефективна истрага која треба да ги открие наводните хомофобични и трансфобични мотови на нападот. Жалиме што Министерството за внатрешни работи, во нивниот извештај за инцидентот не успеа да ја препознае природата на нападот и сомнежот дека тој има дискриминаторски мотиви поттикнат од прославата на ЛГБТ центарот“, се вели во соопштението на меѓународната организација.
„Амнести интернешнл“ потенцира дека Македонија често е критикувана за тоа што не ги гарантира правата на ЛГБТ – заедницата и бидејќи македонските закони не ја забрануваат дискриминацијата на основа на сексуалната ориентација и на родовиот идентитет.