Илјадници бегалци, баратели на азил и мигранти, вклучувајќи и деца, кои ризикуваат на опасни патувања преку Балканот, доживуваат насилни злоупотреби и уцени од страна на властите и криминалните банди се наведува во најновиот извештај наАмнести Интернешнел.
– Мигрантите кои бегаат од војна, сиромаштија и прогон се срамно запоставени од лошиот систем за азил и миграција на ЕУ, кој ги остава заробени без заштита во Србија и Македонија – се наведува во извештајот.
Гори ван Гулик, заменик-директор на Амнести за Европа и централна Азија вели дека со порастот на бројот на загрозени бегалци, баратели на азил и мигранти во “ничија земја“ на Балканот, притисоците врз Србија и Македонија се зголемуваат.
Тој бара Србија и Македонија да направат повеќе за почитување на правата на мигрантите и бегалците.