Амнести Интернешнал: Производителите на вакцини алчни за профит

by Fokus

Организацијата за човекови права Амнести Интернешнал (АИ) ги обвинува производителите на вакцини за алчност за профит и повикува на многу побрза вакцинација на светската популација.

Фармацевтските компании „трагично не успеаја“ да одговорат на предизвикот за глобалната здравствена криза предизвикана од коронавирусот и покрај итните повици да се обезбеди еднаква дистрибуција на вакцините за Ковид-19, соопштија денеска од Амнести Интернешнал.

Според Амнести, фармацевтските компании кои ги продаваат вакцините против Ковид-19 ја монополизирале технологијата, лобирале против споделувањето на интелектуалната сопственост, наплатувале високи цени за вакцините и им даваа приоритет на набавките на богатите земји во 2021 година.

Претходно месецов, СЗО соопшти дека се потребни уште 16 милијарди за да им се помогне на земјите со ниски приходи да се справат со пандемијата.

Според новиот извештај на Амнести, додека Бионтек/Фајзер и Модерна оствариле огромна продажба, само два отсто од нивните дози на вакцини отишле во посиромашните земји.

Кинеските компании Синовак и Синофарм испорачале само 0,4 отсто односно 1,5 отсто од своите вакцини во земјите со низок приход по глава на жител. Џонсон и Џонсон и АстраЗенека имаат подобри резултати во оваа евалуација, бидејќи се вели дека половина од нивните дози на вакцини отишле во земјите во развој. Многу од дозите,  биле „донации“ од земји со високи приходи и не биле дел од договори за продажба.

Само 4 насто од луѓето кои живеат во земји со ниски приходи биле целосно вакцинирани до крајот на минатата година.

 

Поврзани новости