689
Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска повика на средба на државниот врв по недобивањето датум за преговори од ЕУ и блокадата од Франција.
Тој нагласи дека го повикува државниот врв на средба, а на прашањето дали ќе учествува на лидерската средба што ќе ја свика претседателот Пендаровски викендов, Мицкоски рече:
„Се уште немаме официјална покана добиено од претседателот на Македонија. Ако ја добиеме, ќе учествувам на средбата“, истакна Мицкоски.