Американците нема да апсат, но ќе ставаат на „ѕидот на срамот“

by fokus

Американскиот тим за санкции, кој дојде во Македонија со намера да ја расчисти корупцијата, нема да апси корумпирани функционери, но ќе ги искористи своите инструменти за притисок врз власта, преку нашите институции да се ослободи од „недопирливите“

 Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

 Дијана Кајмаковиќ од 2008 година била обвинителка во посебниот оддел на  Обвинителството на Босна и Херцеговина за криминал и корупција, а од 2019 година е именувана за заменик на главниот обвинител на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Во 2009 година учествувала на студиско патување во САД, односно се усовршувала во борбата против организираниот криминал и корупција според најдобрата меѓународна пракса.

Кајмаковиќ била член и на Работната група за изработка на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Босна и Херцеговина за борба против организираниот криминал во периодот од 2009 до 2012 година. Исто така, посетувала и специјализирана обука за работа во заеднички истражни тимови за Југоисточна Европа.

Официјалната биографија на оваа босанска обвинителка зборува за успешен обвинител, кој гони висок криминал и корупција. Но, сите овие успеси, обуки и случаи паѓаат во вода откако е фатена во аферата што ја тресеше Босна и Херцеговина – „Скајмаковиќ“.

Но, она што првпат се случува кај нас е доаѓањето на тимот од Вашингтон, кој, како што најави новата американска амбасадорка Анџела Агелер, ќе преземе поагресивен пристап кон минатите и сегашните корумпирани актери и ќе ги разгледа сите можни постапки.

На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, обвинителите да покажат дека никој не е над законот“, напиша амбасадорката Агелер.

Па, така примерот со босанската обвинителка Кајмаковиќ не е единствен, но е најблиску до она што се случува кај нас, а тоа е уништена доверба во правосудниот систем, корумпирано општество и „болна“ партизација.

Тимот беше кратко во Македонија, минатата недела си замина, но од амбасадата порачуваат дека се посветени да ги повикаат на одговорност тие што се вклучени во висока корупција и дека ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости