Американците може да побараат податоци и за предмети на СЈО кои немаа епилог, вели Туфегџиќ

by fokus

Верувам дека улогата на американскиот тим за истраги ќе биде во рамките на меѓународната правна помош во кривичната материја и нашите надлежни органи во таа смисла ќе имаат потполно легитимна соработка бидејќи како држава сме потписници на меѓународните договори за соработка во кривичната материја, вели за „Фокус“ поранешниот судија во Кривичниот суд, а сега адвокат, Владимир Туфегџиќ.

За него нема да биде изненадување, ако тимот за санкции на амбасадата на САД во Македонија побара и податоци за предмети на поранешното Специјално јавно обвинителство.

Очигледно е дека предмет на интерес се финансиските истраги за сегашните и поранешните функционери и во таа смисла нема да биде изненадување да бидат побарани податоци и известувања за предмети кои беа предмет на истрага во СЈО, а дел од нив немаа свој епилог.

Во секој случај повеќе од јасно е дека нивното постапување и учество во идните финансиски истраги против актуелни и поранешни функционери ќе биде во рамките на законот, меѓународната правна помош, но во исклучива ингеренција за постапување на нашите надлежни органи и пред домашните судови, објаснува поранешниот судија.

Американскиот тим за санкции дојде во Македонија и си замина, а по неговото заминување беше објавено дека клучниот случај на поранешното СЈО за масовното прислушување, во којшто беше обвинет поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, падна пред Апелацискиот суд.

Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости