Американците им пренеле на Русите дека не сакаат директен конфликт

by fokus

САД преку дипломатски канали пренесоа дека не сакаат и нема директно да се судрат со Русија, како и дека нема да испраќаат воени експерти во Украина во врска со испораката на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

-Ги прашавме Американците преку дипломатски канали, кои нашата амбасада во САД сè уште ги одржува, дали одлуката да се испратат системи Патриот во Украина значи дека таму ќе бидат и американски експерти, со оглед на сложеноста на работата на овие системи. Беше објаснето на ни во детали дека тоа не било планирано особено затоа што Американците не сакаат и нема директно да се судрат со Русија, изјави Лавров за ТАСС.

Тој додаде дека системите „Патриот“ ќе бидат распоредени во рок од неколку месеци, но само откако украинските војници ќе се запознаат со оваа технологија.

Поврзани новости