Милиони Американци патувале на семејни собири за Денот на благодарноста, и покрај предупредувањата да не го прават тоа поради постојаното зголемување на бројот на заразени и починати од ковид.
Како што пренесе Гласот на Америка, поради игнорирањето на препораките на експертите, се стравува од нов бран заразени за време на празниците во декември.
Центарот за превенција и контрола на болести и локалните и федералните власти ги повикаа Американците да останат дома и да го слават Денот на благодарноста само со оние со кои живеат, но многумина отпатуваа во другите делови на земјата за да го поминат празникот со своите семејства.
Статистиката покажува дека еден милион луѓе дневно поминале низ американските аеродроми во изминатите пет дена, што е за 60 проценти помалку отколку во истиот период минатата година, но е најголем број патници од почетокот на пандемијата од март.
Исто така, се одржа и традиционалната парада на „Мејсис“ во Њјорк, но без публика. Наместо традиционалната патека од две и пол милји, дефилето беше ограничено на само еден блок и можеше да се следи само преку телевизија.