Американските дипломати сакаат да се вратат во Киев

by fokus

САД се надеваат дека нивните дипломати ќе можат да се вратат во главниот град на Украина Киев, каде Вашингтон ја затвори својата амбасада неколку дена пред руската инвазија, „до крајот на месецот“, изјави денеска вршителката на должноста амбасадор Кристина Квиен.

„Се надеваме дека условите ќе ни овозможат да се вратиме во Киев до крајот на месецот“, изјави Квиен на прес-конференција во западниот град Лавов.

Американските дипломати ја напуштија амбасадата во Киев две недели пред да почне инвазијата на Русија врз Украина. Првично амбасдата беше префрлена во Лавов, а потоа во соседна Полска.

Поврзани новости