665
Американските авиокомпании откажаа речиси 1.200 летови во неделата бидејќи голем број пилоти и членови на екипажот се во изолација поради Ковид-19.
Комерцијалните авиокомпании откажаа 1.171 лет во, до или од САД, според податоците на FlightAware.com.
Тоа е трет ден по ред со голем број откажани летови во САД. За Божик беа откажани 997 летови, а за Бадник речиси 700.
Божиќните празници во САД се совпаднаа со растечкиот број случаи на позаразната варијанта на Ковид-19 – Омикрон, која сочинува три четвртини од случаите во земјата.
Поради Омикрон, кој е со помала веројатност за хоспитализација од претходните варијанти, бројот на случаи се зголеми за 45 отсто на просечно 179.000 дневно во САД.