Американскиот шахист Ниман: Не мамев со секс играчки за да победам

by Fokus

Американскиот шахист Ханс Ниман ги негираше обвинувањата дека користел секс играчки за да го победи Норвежанецот Магнус Карлсен на Синкфилд купот во Сент Луис лани, објави Си-Ен-Ен.

Тој и претходно ги негирал обвинувањата, но последното доаѓа во гостување во емисијата: Пиерс Морган без цензурира.

Дваесетгодишниот шахист се осврна на конкретни обвинувања дека мамел користејќи вибрирачки секс играчки, наводи што произлегоа од социјалните мрежи, иако е не е јасно кој првично ги изнесе обвинувањата, објави Си-Ен-Ен.

Откако Морган го притисна дали користел такви играчки додека играл шах, Ниман одговори:

-Па, твојата љубопитност е малку загрижувачка, знаеш – можеби си лично заинтересиран, но можам да ти кажам, не. Категорично, не, се разбира дека не.

Лани откако тој го победи петкратниот светски шампион Магнус Карлсен, Њујорк Тајмс објави изјава на Ниман: -Тие сакаат да се соблечам целосно гол, ќе го сторам тоа. Не ми е грижа, бидејќи знам дека сум чист. Сакате да играм во затворена кутија со нула електронски пренос? Не ми е грижа, знаеш? Именувајте што сакате момци.

Иако Карлсен не даде детали за тоа што наводно го направил Ниман за време на нивниот натпревар преку табла во септември лани, социјалните мрежи беа преполни со обвинувања дека Ниман користел вибрирачки секс играчки за да прима сигнали за да го поучи кои потези да ги направи.

Обвиненијата за мамење насочени кон Ниман еволуираа во скандал што го зафати светот на шахот во текот на минатата година.

 

Поврзани новости