Американскиот Сенат усвои закон со кој им забранува на вработените во федералните институции да ја користат апликацијата Тик-Ток на службените телефони.
Претходно оваа недела, Тик-Ток беше забранет на официјални телефони во државите Северна Дакота, Ајова, Алабама и Јута, а Тексас, Мериленд и Јужна Дакота најавија забрани.
Во август 2020 година, Сенатот одобри нацрт-закон со кој се забранува употребата на оваа апликација на телефони во сопственост на владата.
Прес-службата на „Бајтденс“, компанијата која е сопственик на Тик-Ток, изрази загриженост за новите регулативи на американската администрација, за кои тврди дека се засновани на дезинформации и соопшти дека претставници на компанијата се подготвени да се сретнат со американски пратеници за отворено да разговараат за работењето на фирмата.
– Разочарани сме што толку многу држави се приклучија во одобрувањето на закони кои се базираат на неосновани гласини за Тик-Ток кои нема да придонесат за унапредување на националната безбедност на САД, се вели во соопштението.