Американскиот секретар за одбрана: Очекуваме украинска офанзива напролет

by fokus

Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин по завршување на состанокот на контакт групата за одбрана Украина (Рамштајн групата) изјави дека денеска зборувале за нова тура на помош во форма на оружје, муниција, но и обуки и тренинг за уркаинските војници.

САД месецов одобри нов пакет за помош: муниција, автоматски пушти, борбени возила и тенковска муниција. Додадовме и 1,7 милијадри долари на фондот за одбрана на Украина. Денеска се сретнавме со партнерите за Украина да има што и треба и кога и треба. Не само опрема. Затоа зборуваме за синхронизирано делување за обезбедување тренинг и оружје. Вклучително и пакетот со Леопард тенкови од неколку држави. Норвешка најави 7,5 милијарди евра во наредните 5 години за Украина.
Пред една година Путин претпостави дека Украина е лесна мета. Дека Киев лесно ќе падне, а светот ќе стои настрана. Но, Русија згреши. Украинците покажаа голема храброст, а другите држави се спотивставија на ова. Остануваме обединети во поддршка на Украина во борба за нејзината слобода, рече Остин пред новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека според активностите на терен, се очекува украинска офанзива напролет и затоа НАТО партнерите мора брзо да делуваат во испраќање на помош. Објасни дека Русите во моментов се многу активни во областа кај Бахмут и носат многу нови трупи.

Она што го гледаме изминатите месеци се многу активности кај Бахмут. Русија носи многу нови трупи. Нивниот процент на загинати е многу висок. Украина треба да креира моментум и затоа очекуваме да направат офанзива на пролет и затоа работиме напорно Украина да има доволно оружје и опрема која ќе биде ефективна. Ќе направиме се што можеме за да обезбедиме муниција што е можно побрзо. Работиме со украински војници низ повеќе места во Европа за да можат подобро да маневрираат. Ќе направиме се што можеме да имаат се што им треба. Мислиме дека тренингот ќе биде додадена вредност, заклучи Остин.

За Фокус од Брисел
Катерина Смилева Божиновска

 

Поврзани новости