690
Американскиот државен секретар Мајк Помпео му честиташе на премиерот Зоран Заев за формирањето на новата влада.
Тој честитката ја упати преку Твитер, споделувајќи ја претходната честитка од американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнз.
-Честитки за најновата членка на НАТО и за премиерот Зоран Заев по формирањето на новата влада, напиша Помпео на Твитер.