418
Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд денеска објави дека назначил специјален советник во истрагата за деловните зделки на синот на претседателот Џо Бајден.
Гарланд го назначи Дејвид Вајс, американскиот адвокат во Делавер кој ги истражува финансиските и деловните зделки на Хантер Бајден, да служи како специјален советник.
Вајс ќе биде одговорен за тековната истрага на синот на претседателот Бајден, како и за сите други прашања што произлегле или може да произлезат од таа истрага.
Веста e објавена за време на кампањата на неговиот татко Џо Бајден за втор претседателски мандат.
Хантер Бајден е обвинет за затајување данок и поседување огнено оружје додека бил зависник од дрога.