Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска го имаше своето прво јавно појавување откако беше хоспитализиран на почетокот на месецот, на виртуелен состанок посветен на воените потреби на Украина.
Остин го одржа воведниот говор од својот дом, во кој побара дополнителни системи за воздушна одбрана за Украина.
Како што пренесе Ројтерс, тој седел пред бел ѕид на кој бил грбот на Министерството за одбрана, додека на печатачот до него биле знамињата на САД и Украина. Остин не го спомна своето здравје.
На 22 декември, Остин (70) беше примен во Националниот воено медицински центар Волтер Рид, каде што беше опериран, откако претходно му беше откриен рак на простата при рутински преглед.
Една недела подоцна добил инфекција и бил хоспитализиран на 1 јануари, кога завршил на интензивна нега.
Американскиот претседател Џозеф Бајден и високи претставници на американската администрација не беа информирани за хоспитализацијата на Остин до 4-ти јануари, а тој ја чуваше својата дијагноза во тајност до 9-ти јануари.
Бајден рече дека Остин погрешил, но нагласи дека се уште има доверба во својот секретар за одбрана.