Американскиот конгресмен Дон Јанг, кој е член на Конгресот од 1973 година, почина вчера додека патуваше дома во Алјаска, соопшти неговиот кабинет.
– Наследството на Дон Јанг како борец за државата ќе живее, како и неговата основна добрина и чест. Многу ќе ни недостасува, се вели во соопштението од кабинетот по повод смртта на 88-годишниот републикански конгресмен.
Неговата канцеларија не ја наведе причината за смртта, но малку порано весникот Anchorage Daily News објави дека Јанг изгубил свест на летот од Лос Анџелес до Сиетл и дека не било можно да се реанимира.
Јанг беше единствениот претставник на Алјаска во Конг ресот на САД и нејзин член со најдолг стаж.
– Неговиот жестоко независен глас за Алјаска, единствената духовитост и карактер ќе недостасуваат, напиша на Твитер Дин Филипс, демократ од Минесота.