Двопартиска група во Конгресот подготвува нацрт на американски санкции кои ќе бидат насочени кон водечките унгарски политички фигури поврзани со владата на Виктор Орбан.
Санкциите главно ќе опфатат поранешни функционери и поддржувачи на владата, главно поврзани со партијата Фидес на премиерот Орбан.
Законот е во подготовка од минатата година и се очекува да излезе пред Конгресот следниот месец, каде што најверојатно ќе добие широка поддршка, според официјални лица запознаени со процесот на подготвување на законот.
Нацрт-законот за санкции се подготвува во услови на континуирано влошување на односите меѓу Вашингтон и Будимпешта.
Орбан беше близок политички сојузник на Доналд Трамп, а Фидес одржува силни врски со тврдите американски конзервативци.
Оваа недела протекоа документи на Пентагон, врз основа на разузнавачки информации, во кои Орбан ги опиша САД како еден од трите најголеми непријатели.
Унгарија вчера објави дека планира да ја напушти Меѓународната инвестициска банка контролирана од Русија, само еден ден откако САД воведоа санкции за институцијата со седиште во Будимпешта, која во Европа широко се опишува како „тројански коњ“ на Москва.