Началникот на Генералштабот на САД, Мајк Мајли денеска по состанокот на Рамштајн групата за одбрана на Украина порача дека Русија веќе ја загубила војната.
Путин мислеше дека може брзо да ја победи Украина, да ја скрши НАТО алијансата и да дејствува неказнето. Тој згреши. Украина останува слободна, тие остануваат независни. НАТО и оваа коалиција никогаш не биле посилни, а Русија сега е глобален одметник. Светот е инспириран од украинската храброст и издржливост. Накратко, Русија загуби. Тие загубија стратешки, оперативно и тактички, и плаќаат огромна цена на бојното поле, рече Мајли пред новинарите во прес центарот на НАТО.
Тој додаде дека Русите прибегнале кон испраќање „регрути и затвореници во непосредна смрт“ во последните месеци.
Но, додека Путин не ја заврши војната која тој избра да ја започне, меѓународната заедница ќе продолжи да ја поддржува Украина со опрема и капацитети што и се потребни за да се одбрани, заклучи генерал Мајли.
За „Фокус“ од Брисел
Катерина Смилева Божиновска