Актерот Трит Вилијам загина на 71-годишна возраст во сообраќајна несреќа со мотор во американската сојузна држава Вермонт.
Како што соопшти вермонтската полиција, околу 17 часот вчера по локално време, тој се судрил со теренско возило кое во тој момент свртело кон паркинг. Вилијамс не успеал да го избегне судирот и паднал од мотоциклот. Се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил префрлен со авион во медицинскиот центар во Њујорк каде што била констатирана смртта.
Возачот на теренското возило се здобил со полесни повреди и немало потреба да биде хоспитализиран. Според првичните информации, тој ги почитувал правилата и го вклучил трепкачот дека ќе свртува кон паркингот. Не е приведен, но истрагата за несреќата продолжува.
Актерската кариера на Трит Вилијамс траеше околу педесет години. Ја започна во 1975 година кога ја играше улогата на полицаец во филмот „Deadly Hero“, а потоа се појави во повеќе од 120 филмски и телевизиски улоги. Меѓу нив и во филмовите „The Eagle has Landed“, „Prince of the City“ i „Once Upon a Time in America“. Меѓу најпознатите улоги што тој ги имаше се главните улоги во ТВ-серијата „Еврвуд“ и филмскиот мјузикл „Коса“.