Американски војник си ги застрелал децата, а потоа се самоубил во домот на поранешната сопруга

by Fokus

Поранешен војник застрела и уби активен припадник на американската војска и три деца во домот на неговата поранешна сопруга во Јужна Каролина пред да се застрела, соопштија денеска официјални лица.

Двајца американски официјални лица потврдија дека станува збор за воени лица. Наводно таткото ги застрелал сопствените деца додека спиеле, а потоа го застрелал човекот кој се наоѓал во неговиот двор, за на крај да си го одземе животот.

Полицијата соопшти дека се пронајдени телата на три деца и двајца мажи, а се претпоставува дека едниот од нив е убиецот. Осомничениот е на возраст од 42 години. Две од застреланите деца се негови.

Според извори од истрагата единствен преживеан е неговата поранешна жена. Децата биле на возраст од 5,6 и 11 години.

 

Поврзани новости