Американски воени возила влегоа во Сирија

by Fokus

Американски конвој воени возила и неколку цистерни со гориво влегоа во сириските покраини Хасака и Дајр ез-Зор во североисточниот дел на земјата, објави денеска сириската државна телевизија.

Според извештајот, најмалку 45 оклопни возила и камиони со муниција влегоа во Сирија.

Сириската телевизија наведува дека САД го зајакнаа военото присуство во Сирија од почетокот на оваа година.

Од 2015 година САД отворија девет воени бази во североисточниот дел на Сирија, од кои четири се во близина на нафтените полиња во покраината Дајр ез-Зор, додека пет во соседната покраина Хасака.

Поврзани новости