Американски воен авион со осум лица се урна денеска во океанот во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража.
Портпаролот на јапонската крајбрежна стража изјави дека нема дополнителни информации за инцидентот, што значи дека нема информации за безбедноста на луѓето кои биле на Osprey.
Несреќата се случила околу 14 часот и 47 минути по локално време, а граѓаните пријавиле дека се запалил левиот мотор на авионот и дека леталото паднало во морето, јави јапонската телевизија МБЦ.
Портпаролот на американските сили во Јапонија се уште не го коментирал инцидентот, пренесува Ројтерс.
第10管区海上保安本部によりますと、29日午後2時47分ごろ、鹿児島県の屋久島沖で輸送機オスプレイが墜落したという情報が寄せられたということですhttps://t.co/Yu7wE6yiUE#nhk_video pic.twitter.com/oZQ4DmIjdR
— NHKニュース (@nhk_news) November 29, 2023