731
Американската компанија „Теламон“ денеска ќе го отвори новиот производствен погон во близина на Скопје. Производствениот погон е со површина од 2.100 метри квадратни и во него ќе се произведуваат електрични кабли за автомобилската индустрија.
Се очекува да бидат отворени 300 нови работни места.
На отворањето на погонот најавено е обраќање на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на „Теламон Индустриал Солушнс“, Том Пуза и на плант менаџерот во „Теламон Европа“ д.о.о.е.л Скопје, Георги Тренкоски.