Американски новинар заробен во Сирија во 2012 година е сè уште жив: Бајден најави негово ослободување

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека САД ќе се обидат да ослободат еден од најдолго држените американски заложници по ненадејниот пад на сириската влада и режимот на Башар ал Асад.

Говорејќи во Белата куќа, Бајден рече дека САД веруваат дека Остин Тајс е сè уште жив, но неговата локација во земјата разурната од војната треба точно да се утврди, објави Би-Би-Си.

„Веруваме дека е жив. Мислиме дека можеме да го вратиме, но сè уште немаме директни докази за тоа. Мораме да утврдиме каде се наоѓа“ рече Бајден.

Остин Тис, слободен новинар, беше уапсен во близина на Дамаск на 14 август 2012 година додека известуваше за сириската граѓанска војна.

Американскиот претседател Бајден рече дека заминувањето на Асад е „фундаментален чин на правдата“ по децениска репресија, но и „момент на ризик и неизвесност“ за Блискиот Исток.

Остин Тајс, кој сега има 43 години, последен пат беше виден со врзани очи на видеото, кое беше објавено на интернет неколку недели по неговото апсење.

Иако ниту една влада или група не ја презеде одговорноста за неговото исчезнување, американските власти набрзо изјавија дека веруваат дека сириската влада го држи како заложник. Неговата сестра Абигејл Едабурн рече дека веруваат дека тој се уште е во Сирија.

„Не ги знаеме точните околности каде се наоѓа, но знаеме дека е во Сирија и дека е здрав“, рече таа и додаде:„Не знам колку можам да кажам, но има независни, сигурни извори кои можеа да ја потврдат оваа информација“.

ФБИ во неделата соопшти дека сè уште нуди награда од 1 милион долари за информации што ќе доведат до „безбедна локација, спасување и враќање“ на Тајс. САД во моментов имаат околу 900 војници во Сирија, а Бајден во неделата рече дека планира да ги задржи тие сили во земјата.

Претседателот, исто така, рече дека американските сили извршиле „десетици“ таканаречени „прецизни воздушни напади“ во неделата против камповите и операциите на Исламска држава во источна Сирија.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп пак изјави во саботата дека САД не треба воено да интервенираат во Сирија.

„Ова не е наша борба“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Сириската опозиција која го собори Асад е предводена од групата поврзана со Ал Каеда – Хајат Тахрир ал-Шам, која администрацијата на Бајден ја означи како терористичка група.

Поврзани новости