Американски медиуми: Договорена е американско-украинската средба

by Fokus

Високи претставници на администрацијата на Трамп следната недела ќе отпатуваат во Саудиска Арабија за да се сретнат со украинските претставници, објавија Фокс њуз и Аксиос.

Средбата ќе се одржи во среда, објави Аксиос, повикувајќи се на два неименувани извори.

„Американскиот државен секретар Марко Рубио и другите во вторник заминуваат за Ријад, а од украинска страна на состанокот ќе учествува и Андриј Јермак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски“, објави и новинарот на Фокс њуз, Жаки Хајнрих.

На 18 февруари во Ријад се одржа американско-руска средба.

Соединетите Држави ги претставуваа државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф. Руската делегација ја предводеа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и претседателскиот советник за надворешна политика Јуриј Ушаков.

Поврзани новости