122
Американски борбен авион се урна за време на тренинг лет над Жолтото Море, соопштија американските сили во Кореја (USFK).
Пилотот на борбениот авион Ф-16 се катапултирал и бил извлечен од јужнокорејската морнарица од морето меѓу Корејскиот полуостров и Кина, соопшти УСФК. Пилотот е во стабилна состојба.
Авионот полета денеска од американската воздухопловна база во Гунсан, на западот на Јужна Кореја. Причината за несреќата се истражува, а засега се знае дека за време на летот дошло до вонредна ситуација.
28.500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја.