Вработени во американската амбасада во Кабул ги уништиле пасошите на авганистански државјани во подготовката за евакуација, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на членот на Претставничкиот дом на САД, демократот Енди Ким.
Претходно беше соопштено дека во рамки на подготовките за принудна евакуација на вработените во американската амбасада, им било наредено да уништат важни документи и комјутери. Според Ким, меѓу овие документи биле и пасошите на некои Авганистанци.
– Посетите за издавање визи и пасоши во амбасадата се откажани, а пасошите што ги имаше амбасадата беа уништени, рече Ким за Си-Ен-Ен.
– Во моментов не е можно да се обезбедат визни услуги во Авганистан.
Си-Ен-Ен нема точни податоци за причините за уништувањето на пасошите на авганистанските граѓани, но не исклучува дека тоа е направено за да не паднат во рацете на претставници на радикалното талибанско движење.