Американски борбени авиони нападнаа цели во Сирија

by Fokus

Aмериканската војска утрово изврши воздушни напади на две локации во источна Сирија поврзани со иранската Револуционерна гарда, соопшти Пентагон, додавајќи дека нападите ги извршиле два борбени авиони Ф-16.

Нападите биле извршени како одговор на серијата напади со беспилотни летала и ракети врз американски бази и персонал во Ирак и Сирија од 17 октомври.

„Овие удари ја одразуваат решеноста на американската влада да одржи рамнотежа и да ја одврати натамошната агресија, која може да биде поттикната од конфликтот на Израел со Хамас“, соопшти Пентагон.

Нападите уследија откако администрацијата на претседателот Џо Бајден вети дека ќе одговори на нападите врз американскиот персонал за кои Вашингтон ги обвини вооружените групи, поддржани од Иран.

Поврзани новости