887
Американскиот авион од типот US Osprey, кој имал екипаж од четири лица, се урна во Норвешка, информира прес-службеникот Јан Ескилд Северинсен од Главниот центар за спасување – информираат норвешките медиуми.
Авионот бил во мисии за обука. Според планот, требало да слета во Бодо нешто по 18 часот, но по некое време започнала потрагата по авионот.
-Во 21.17 е откриено дека авионот се срушил – вели Северинсен. Тој потврдува дека авионот паднал, а екипи за спасување се на пат кон локацијата.