563
Американската војска соопшти дека извршила 15 напади врз цели поврзани со бунтовниците хути, сојузници на Иран, во Јемен.
Од Централната команда, која ги надгледува американските сили на Блискиот Исток, велат дека целите се поврзани со воените способности на хутите, но не е прецизирано дали тоа вклучува проектили, беспилотни летала или радари, пренесува Ројтерс.
„Силите на американската централна команда (ЦЕНТКОМ) денеска околу 17 часот изведоа напади врз 15 цели на хутите во областите во Јемен, поддржани од Иран, контролирани од Хутите. Овие цели вклучуваа офанзивни воени способности на хутите. Овие активности беа преземени за да се направат меѓународните води побезбедни бродовите“, стои во објавата на Икс.