Американската амбасадорка во Тирана станува втор човек во Стејт департментот

by Фокус

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, е назначена за заменик-помошник главен секретар за европски прашања, што е најважната функција во Стејт департаментот по државниот секретар, јавија албанските медиуми.

Дипломатката Ким официјално ќе ја преземе новата функција од 10 јули.

Таа е на крајот од амбасадорскиот мандат во Тирана и се очекува да биде заменета со дипломатот од кариера Дејвид Џ. Костеланчик, кој служеше во Амбасадата на САД во Албанија во раните 90-ти, во политичката канцеларија и добро го владее албанскиот јазик.

Поврзани новости