Штипската пастрмајлија штотуку доби вистинска конкуренција во Свети Николе. Каде да одиме следно за вкусна пастрмајлија? – напиша вчера американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер, покрај фотографијата направена во локал во Свети Николе, на која се гледа богатата трпеза со пастрмајлија, туршија, везени пиперки и пинџур.
Амбасадорката вчера била во посета на Свети Николе, по повод отворањето на новиот противпожарен дом, каде ја дочекале традиционално, со леб и сол.
Анџела Прајс Агелер официјално стапи на должноста американски амбасадор во ноември, а нејзина претходничка беше Кејт Мери Брнз.
Во својата биографија има наведено дека покрај англиски, зборува и македонски, француски и малку хинди. Во брак е со Брајан Агелер, висок офицер за надворешни работи, и имаат ќерка која е новинарка во Вашингтон.
Пред десеттина години работеше во амбасадата во Скопје, каде беше задолжена за односи со јавноста и беше еден од иницијаторите за првата ЛГБТ Парада на гордоста во Македонија.
Вики Клинчарова