Американската амбасадорка предупреди да не се манипулира процесот за избор на албански прв специјален обвинител

by Fokus
 Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, предупреди дека процесот за избор на прв човек на Специјалното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, мора да биде транспарентен и повика да не се манипулира со него.
Во објава на Твитер оценува  дека „таквиот начин на размислување донел многу штета” , притоа додавајќи дека СПАК и реформите во правосудството „треба да бидат за иднината на Албанија”.
– Сега кога се потврдени кандидатите за следен шеф на СПАК, од суштинско значење е процесот да биде транспарентен, така што следниот прв човек  треба да биде избран врз основа на квалификациите и искуството, кој ќе биде способен и одлучен да ја интензивира борбата против корупцијата и криминалот, наведува амбасадорката.
Процесот на селекција, советува таа,  мора да биде ослободен од манипулации од оние кои се обидуваат да ја блокираат или да влијаат врз правдата, од оние кои претпочитаат стари начини и се против реформите во правосудството.
– Ваквите тактики припаѓаат на минатото кое нанело многу штета. СПАК – како реформа во правосудството – треба да биде иднината на Албанија, напиша амбасадорката Ким на Твитер.
Новиот главен специјален обвинител треба да биде избран до средината на идниот месец, за што конкурираа тројца обвинители членови на СПАК.
На актуелниот Арбен Краја, кој  на чело на ова обвинителство беше  во изминатите три години, кога и беше формирано, мандатот му истекува на 18 идниот месец. Тој останува во обвинителството и понатаму како обвинител.
Мандатот е три години без право за реи збор.
СПАК моментно брои 17 од предвидените 20 обвинители колку што е предвидено со Уставот и нивниот мандат е девет години.

Поврзани новости