492
Американската Амбасада во Киев денеска „ги повика“ американските граѓани кои престојуваат во Украина да ја напуштат земјата без одлагање, во услови на зголемени тензии меѓу Западот и Русија околу Украина.
„Амбасадата на САД ги повикува граѓаните на САД веднаш да размислат за напуштање на земјата“, соопшти амбасадата на својата веб-страница.
„Безбедносната ситуација во Украина останува непредвидлива поради зголемената закана од руска воена акција и може да се влоши без претходни предупредувања“, се додава во соопштението на амбасадата.